Судски совет: Притисокот од функционерите е директна закана за владеење на правото

Судскиот совет на Република Северна Македонија изминатиот период внимателно ги следи случувањата во врска со изјавите на носителите на највисоките функции на државната власт и изразува загриженост бидејќи истите се одразуваат на интегритетот на членовите на Судскиот совет и на судиите и директно влијаат врз перцепцијата и довербата на граѓаните за работата на Судскиот совет и судството

Судскиот совет на Република Северна Македонија изминатиот период внимателно ги следи случувањата во врска со изјавите на носителите на највисоките функции на државната власт и изразува загриженост бидејќи истите се одразуваат на интегритетот на членовите на Судскиот совет и на судиите и директно влијаат врз перцепцијата и довербата на граѓаните за работата на Судскиот совет и судството, реагираат денеска од Советот.

-Секој обид за поткопување на независноста на судската власт преку притисок од било каков вид и од било кого против членовите на Судскиот совет и судиите претставува дирекна закана за независноста и демократијата на државата и владеење на правото.

Во секоја правна држава, независноста на судската власт е еден од основните столбови за гарантирање на законитоста, правдата и заштита на правата и слободите на граѓаните.

Членовите на Судскиот совет и судиите мора да бидат ослободени од каква било форма на притисок и влијание, за да истите одлучуваат самостојно и независно и во таа насока Судскиот Совет упатува апел до сите носители на јавни функции, во своето работење и делување доследно да ги почитуваат Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани согласно Уставот, со цел владеење на правото и враќање на довербата кај граѓаните во системот, велат од Судскиот совет.