![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2025/02/val-siljanovska-730x430.webp)
Сиљановска Давкова – Вал: Измените на Изборниот законик поскоро да се најдат на Собрание
Амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје на средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја информирал за планираните активности на Мисијата во 2025 година, посочувајќи ги, како приоритетни областите: владеење на правото, основните човекови права и социјалната кохезија, доброто управување, младинските политики и родовата еднаквост.

Претседателката, како што соопшти нејзиниот Кабинет, го информирала амбасадорот за новоформираните тела: Советот за безбедност, Советот за млади, Комисијата за помилување и Комисијата за доделување одликувања и признанија. Објаснила дека при номинацијата, најпрво се водела од компетентноста, стручноста и интегритетот, без да ги запостави правичната и соодветна застапеност, како и половата и родовата димензија.
-Сиљановска-Давкова му ја презентираше нивната досегашна успешна работа и можноста за взаемна соработка за прашања во кои веќе сме соработувале, но и во нови области, се наведува во соопштението.
Соговорниците се согласиле дека е добро, час поскоро, измените на Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија да се најдат на дневен ред на Собранието.
Исто така, претседателката и амбасадорот размениле ставови и се усогласиле околу моделот и форматот на одбележувањето на „Осми Март – Денот на жената“.
Средбата, како што е наведено во соопштението, завршила со изразена спремност за организирање заеднички активности.