Трговскиот синџир „Кауфланд Хрватска“ најави пониски цени за над 1.000 производи

Овој малопродажен синџир најави дека секоја недела на своите клиенти ќе им обезбедува повеќе од 1.800 производи по промотивни цени.

Хрватските медиуми денеска се преполни со фотографии од празни дуќани, откако граѓаните беа повикани на општ бојкот не само на продавниците, туку и на услугите, односно на блокирање на платежните трансакции во земјата.

Бојкотот во Хрватска го иницираше интернет платформата „Ало инспектори“, а минатиот петок беше успешно спроведен бидејќи прометот и износот на фактурите беа намалени речиси за половина.

Малопродажниот ланец „Кауфланд Хрватска“ денеска објави пониски цени за повеќе од 1.000 производи, почнувајќи од 5 февруари.

Овој малопродажен синџир најави дека секоја недела на своите клиенти ќе им обезбедува повеќе од 1.800 производи по промотивни цени.

Најавеното намалување на цените, наведоа оттаму, е дел од нивните континуирани напори основните прехранбени производи и производи да им бидат достапни на граѓаните по најповолни цени.

„Свесен за промените на пазарот и предизвиците при управувањето со буџетот на домаќинствата, Кауфланд се стреми да остане сигурен партнер во секојдневното купување со широк асортиман од просечно 19.000 производи кои ги задоволуваат различните потреби на потрошувачите“, соопшти компанијата, пренесе Хина.

Вчера пониски цените на 250 производи, покрај 70-те чии цени Владата ги ограничи, најави и трговскиот синџир Конзум.