Филипче: Соработка со хрватската СДП во градењето на новата Програма на СДСМ

Претседателот на СДСМ Венко Филипче и заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, во Загреб, Република Хрватска остварија работни средби со раководството на Социјалдемократската партија на Хрватска, со претседателот Синиша Хајдаш Дончиќ, со потпретседателот Ранко Остојиќ и со меѓународниот секретар, Каролина Леаковиќ.

Како што соопштуваат од партијата, по средбата Филипче посочил дека се разменети искуства во делот на партиските активности, акцентот е ставен на поддршката на СДП и соработката во градењето на новата Програма на СДСМ, како што рекол, како две сестрински партии кои споделуваат социјалдемократски вредности.

-Разменивме искуства во делот на партиските активности. И тука во Хрватска следат локални избори, после победата на претседателот Зоран Милановиќ. Ја користам приликата уште еднаш да му упатам честитки за огромниот процент за гласови кој го освои на минатите избори. Во еден дел сме соочени со слични предизвици, имајќи предвид дека ги промовираме социјалдемократските вредносни политики. Ставивме акцент на соработка во однос на поддршката и размена на искуства во градењето на новата Програма, во делот на поддршката на економските програми, понатаму во поддршката на граѓаните, во делот на зголемувањето на платите, во делот на зголемување на стандардот на граѓаните. Се тоа што значи подобар и поквалитетен живот. Нешто за што, за жал, Владата кај нас, владата на ВМРО-ДПМНЕ, сериозно отфрла, посочил Филипче.