ЕК од српските обвинителства побара извештаи за нападите врз студентите на протестите

Во изминатите неколку дена, од обвинителите во Белград беше побаран извештај за текот на постапката против напаѓачите на студенти кои беа на блокади и на улиците на главниот град во последните месеци, по уривањето на настрешница на Главната железничка станица во Нови Сад.

Во изминатите неколку дена, од обвинителите во Белград беше побаран извештај за текот на постапката против напаѓачите на студенти кои беа на блокади и на улиците на главниот град во последните месеци, по уривањето на настрешница на Главната железничка станица во Нови Сад, дознава Нова.рс.

Оваа информација за „Нова“ ја потврдија повеќе различни извори од српското правосудство. Заедно со нивните колеги од Белград, неофицијално, истото барање го добиле и новосадските обвинители.

Според овие информации, Апелациското и Врховно обвинителство побарале извештаи за сите случаи што ги имаат во својата работа, се затоа што ЕК го побарала тој извештај, за потребите на претстојниот состанок на Поткомитетот за правда, слобода и безбедност.

Покрај студентските протести, ЕК бара податоци и за сите други протести што се одржаа во Србија во текот на 2024 година, вклучително и протести против изборна измама (по изборите во декември 2023 година), таканаречени еколошки протести и протести поради најавеното уривање на Стариот Савски мост, протести на просветните работници и други.

Информациите од интерес за ЕК се однесуваат на бројот на лицата против кои првично беа поднесени кривични пријави, описот на тие дела, бројот на осомничените на кои им е одредена мерка притвор, како и притворот или некоја друга мерка за обезбедување нивното присуство.

Бараните податоци го вклучуваат бројот на поведени истраги и бројот на отфрлени кривични пријави, како и опис на дејствијата преземени во процесот на обезбедување докази (прибирање материјални докази, рочишта, исказ и сл.

0