Вучиќ: За 10 дена нова влада или избори

Во наредните 10 дена ќе одлучиме дали ќе составиме нова влада или ќе одиме на избори, порача српскиот претседател Александар Вучиќ по денешната оставка на премиерот Милош Вучевиќ. Во вечерашното обраќање по вонредната владина седница Вучиќ рече дека Вучевиќ не направил никаква грешка, но како одговорен човек сметал дека треба да поднесе одговорност.

Тешко ми беше да ја прифатам оставката на Милош Вучевиќ, но тој како одговорен човек сметаше дека ние, спротивно на нашите претходници треба различно да го поставиме принципот на одговорност, рече претседателот Вучиќ.

Категорично одби формирање на техничка влада.

Не зависи од притисок, или од што било, на крај памет не ми доаѓа да им подарувам власт на некакви пленуми или опозициски партии. Тоа зависи само од мене, од никој друг. Не затоа што сум надмен и арогантен, туку затоа што не сакам да ја уништам оваа земја, рече Вучиќ.

Обвини дека на северот на Србија се промовира сепаратистичка агенда, и порача дека властите жестоко ќе се спротивстават на тоа.

Не ми доаѓа на памет да бегам од некој во сопствената земја. Ако народот сака Република Војводина или некои се преправаат дека не гледаат што се крие под житото, ние на ова жестоко ќе се спротивставиме, рече Вучиќ.

Додаде дека за СНС е важно, како прво да се посочи никој не е над законот, како второ, дека политичка одговорност мора да постои, таа мора да биде објективна, реална и политичарите мораат да покажат дека ја заслужуваат довербата на народот. И, како трето дека инсистираат на дијалог, да разговараат со сите кои не се согласни со нив, не зависно дали сакаат или не.