Владејачката СДСМ денеска има седницата на Централниот одбор која беше одложена во вторникот поради тридневната жалост во Македонија, а истата ќе се одржи денеска и на неа се очекува да биде разгледана оставката на претседателот на партијата – Зоран Заев.
Ако оставката на лидерот на социјалдемократите биде прифатена, почнува постапка за избор на нов претседател на партијата.
Статутот на партијата предвидува рок од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов претседател. Изборите ќе се непосредни, со тајно гласање на сите пријавени членови.
Дел од членството на СДСМ не ја поддржува оставката на Заев која тој ја најави по завршувањето на локалните избори.