Централното претседателство на Алтернатива одлучува дали да влезат во Владата

Опозициската партија Алтернатива денеска во 18 часот има закажана седница на Централното претседателство, која претходно беше одложена поради тридневната жалост за автобуската несреќа во Бугарија.

Членовите на претседателството на партијата ќе му дадат насоки на Централното собрание кој е највисок орган во партијата, за тоа дали Алтернатива ќе се приклучи во Владата и во парламентарното мнозинство.

Дел од пратениците на оваа партија сметаат дека за влегување во Владата услов мора да биде давањето предност на програмата на партијата, пред позициите во власта.

Претседателот Африм Гаши минатата недела се сретна со првиот човек на СДСМ, премиерот Зоран Заев. Се официјализираше предлогот Алтернатива да стане дел од парламентарното мнозинство со своите четири пратеници, а на тој начин да бидат дел и од владината коалиција, но по средбата немаше конкретни решенија.

Пратениците на Алтернатива беа потписници на иницијативата за недоверба на Владата, но по пропаѓањето на истата, сега премиерот Заев се обидува да го зголеми мнозинството во Собранието.