Гоце Трајковски се предаде на полицијата

Гоце Трајковски, кој беше осомничен за подметнување пожар во кафуле во Кисела Вода и истовремено сведок во истрагата за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска, сам се предаде на полицијата. Инаку, по него беше распишана потерница.

Трајковски беше важен сведок во случајот со убиството на Вања. Тој заедно со таткото на Вања, собирале докази и прегледувале видео-снимки, но не се појави на судењето закажано за 15 ноември. Неговата мајка, Кираца Трајковска, тогаш изјави дека здравствени проблеми го спречиле да сведочи.

Обвинителството подоцна потврди дека Трајковски има статус и на осомничен во случајот со подметнувањето пожар. Според нивните податоци, на 13 ноември, тој со уште три лица запалил кафуле кое било лоцирано во станбена зграда во Кисела Вода. Истражните органи продолжуваат да работат на случајот.

Во Кривичниот суд во Скопје пред три дена продолжи судењето за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, за кои се обвинети Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Ванчо Кешишев како директни извршители, а таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е обвинет за помагање во грабнувањето на неговата ќерка.

Судењето продолжува во понеделник на 27 јануари.