Прво посета на ММФ, па по 3. мај ребаланс на Буџетот

Колку пари ќе се потребни за покривање на дупката во Буџетот се уште е неизвесно. Колкаво ќе е задолжувањето, не открива ниту премиерот Димитар Ковачевски.

Ребалансот на Буџетот ќе е по посетата на ММФ. Очекувањата се до 3. мај да заврши увидот по што ќе бидат познати контурите за прекројувањето на државната каса.

Иако надлежните се фалат со позитивната оценка на Меѓуронародниот монетарната фонд за макрофинансиската и економската стабилност, од опозицијата велат дека со новото задолжување власта ја турка Македонија во економски колапс.

Министерот за финансии, наводно, на средбите во Вашингтон побарал заем од 900 милиони евра.