Високиот претставник на ЕУ – Оливер Вархеји денеска доаѓа во посета на земјава. Тој во моментов е на турнеја низ регионот, а вчера беше во Софија.
Дел од бугарските медиуми пренесуваат дека тој во земјава доаѓа разочаран затоа што не е решено прашањето за старт на преговорите на Македонија за членство во Европската Унија.
Еврокомесарот на средбата со бугарските претставници, со премиерот Кирил Петков, со претседателот Румен Радев и Теодора Генчовска – шефицата на бугарската дипломатија рече дека европската интеграција на Западен Балкан мора да се забрза.