Скопје -Женева и Скопје – Париз, две нови линии од скопскиот аеродром

Овие две дестинации, се наведува во соопштението, се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата Изиџет, со тоа што линијата Скопје – Париз ќе започне да се оперира од 2 април, додека линијата Скопје -Женева од 3 ноември, оваа година.

Министерството за транспорт денеска соопшти дека од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа Скопје – Женева и Скопје – Париз (аеродром Орли).

Овие две дестинации, се наведува во соопштението, се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата Изиџет, со тоа што линијата Скопје – Париз ќе започне да се оперира од 2 април, додека линијата Скопје -Женева од 3 ноември, оваа година.

Овие две дестинации се дел од финансиската подршка што ја овозможува Владата преку Министерството за транспорт, а се во рамките на отворениот јавен повик за подршка за воведување на нови авиолинии.

– Би сакале да потенцираме дека јавниот повик е се уште отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат критертиумите предвидени со повикот, се додава во соопштението.

Со овие две нови линии се зголемува бројката на 9 нови дестинации што ги обезбеди Министерството за транспорт. Претходно се потпишаа договори за воведување на линиите: Охрид – Истанбул, Охрид – Базел Мулхаус, Скопје – Дубаи. Скопје – Штутгарт, Скопје – Лион, Скопје – Барселона и за истите се овозможува финансиска подсршка по принципот на патник во доаѓање.

– Ова е уште една одлична вест за граѓаните, за авиосообраќајот и за државата. Ова е резултат на добрите политики што ги спроведуваме во делот на авиосообраќајот. Париз и Женева се две атрактивни дестинации за граѓаните. Верувам дека ќе поттикнеме и други авиокомпании да се јават на повикот, со некои и веќе преговараме и очекувам воведување и на други дестинации од домашните аеродорми. Имаме потенцијал, имаме капацитет и верувам дека повторно ќе ја зголемиме конкурентноста на аеродормите во регионот. Дополнително на граѓаните им овозможуваме нови дестинации, а на нашите од дијаспората олеснување во комунакцаијата со своите блиски овде во Македонија. Развојот на авиосообраќајот е дел од владините приоритети и еве се потврдуваат нашите напори и овој сегмент да го развивавме, истакнал вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, се вели во соопштението.