Собранието го потврди Законот за заштита на децата, на кој Сиљановска Давкова стави вето
Парламентарното мнозинство ги донесе измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата. Претходно претседателката Гордана Сиљановска Давкова стави вето на измените на Законот, укажувајќи на одредени недоследности со Уставот и ги врати на повторно разгледување.

Измените денеска беа изгласани со 65 гласа „за“, а „против“ се произнесоа 17 пратеници. Законот го доби и потребното Бадентерово мнозинство, односно за измените „за“ гласаа 12 пратеници од немнозинските заедници, а шест беа „против“.
За овој Закон беа поднесени вкупно шест амандмани, од кои четири од СДСМ и Левица, кои беа отфрлени, а додека двата поднесени од коалициските партнери од власта ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, поминаа.
Сега Сиљановска е должна да го потпише указот за прогласување на законот и тој да биде објавен во Службен весник.
Законските измени се однесуваа на тестирањето и лиценците за негователи во градинките, а со кои беше предвидено тие да се двојазични. Сиљановска сметаше дека ова е неуставно, по што владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди направија измени со кои документите првично ќе бидат на македонски јазик, а по барање и на друг јазик на кандидатот.
Од ДУИ беа против бидејќи документите не се добивале на албански по автоматизам туку по барање.