Стевчо Јакимовски – градоначалникот на општина Карпош денеска на тв Канал 5 рече дека тој „не сака да имаме добри односи со Бугарија“.
„Затоа што цело време не омаловажуваат, деградираат, исмеваат, не уценуваат и поради тоа не сакам добри односи со таков сосед, додека се однесува така. Ако ние поставиме такви услови сосема поинаку ќе биде и со други барања ќе дојдат овие од ЕУ. Тоа значи многу барања. Кој фактор ни е Урсула Фон Дер Лајен кога утре ќе си отиде? Што сега ви гарантира Хавиер Солана? Ние не можеме да веруваме на хартија, а не па на нив. Што имаме обврска, нека биде на хартија. Кога ние го менувавме името и прифативме се од Преспанскиот договор, некој викаше „all inclusive“ сме“ – рече Јакимовски.
Тој смета дека земјава има само еден пријател во овие преговори со соседот.
„Мораме да останеме цврсти и да не потклекнеме во делот на идентитетот, нема каде да одат и мора да не прифатат вака. Не смееме да отвориме преговори додека не ги расчистиме сите работи со Бугарија. Засега наш најголем пријател во овие преговори со Бугарија е само САД. На Европа не може да и се верува“ смета Јакимовски.