Премиерот Христијан Мицкоски за време на престојот на САД имал средба со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп. На средбата биле и извршниот директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов – американски бизнисмен со македонско потекло, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски, сопственик на „Рамбл“ групацијата, практично речиси истите луѓе што беа во Македонија и кои веројатно му дале алиби да отпатува во САД.
„Разговаравме за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните. Меѓу другото ги посочив напорите што ги дава Владата за стабилизирање на економијата, рекордот кој го остваривме во привлекување на инвестиции во државата и поволностите кои се нудат. Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас“, напишпа Мицкоски на социјалните мрежи.
Како што може да се види од фотографијата, на средбата не биле албанските преставници од делегацијаташто е показател дека и не настапуваат како држава, туку користат лични врски.
Нешто подоцна Мицкоски се пофали дека разговарал и со „најпознатиот американски новинар“ Такер Карлтон, кој инаку се „прослави“ како најнаклонет на Русија и реално доби отказ од „Фокс“ телевизија. Неговото интервју неодамна со Владимир Путин беше предмет на потсмев во светот.
„Разговарав со еден од највлијателните американски новинари, Такер Карлсон. Тој е познат по своите десни конзервативни ставови и со огромно влијание во американското општество. Пријатна средба и можност за размена на мислења и ставови за Македонија и регионот. Го поканив да ја посети нашата земја“, напиша Мицкоски на Твитер.