ВРЕДИ: Криминалот и корупцијата немаат етничка припадност

Помина времето кога криминалците го имаа главниот збор во нашите градови, маала и улици. Убиства среде град, обиди за убиства во трговски центри, кражби, упади со автомобили, сите овие макабри настани се минато, соопштија од ВРЕДИ.

Помина времето кога криминалците го имаа главниот збор во нашите градови, маала и улици. Убиства среде град, обиди за убиства во трговски центри, кражби, упади со автомобили, сите овие макабри настани се минато, соопштија од ВРЕДИ.

„Граѓаните ја вратија надежта и довербата во државните институции, бидејќи владата воспостави ред и закон. Со ова се задоволува потребата граѓаните да бидат безбедни каде и да живеат и работат.

Неодамнешните апсења се показател за посветеноста и подготвеноста на владините коалициски партнери да се борат против криминалот и корупцијата и да го вратат редот и безбедноста во нашата средина. Коалицијата ВРЕДИ и Владата сега станаа синоним за борба против криминалот и корупцијата. Неодамнешните апсења на криминални групи се јасен доказ дека државните институции преземаат важни чекори кон исполнување на нивните заложби за гарантирање на безбедноста и правдата“ велат од ВРЕДИ.

Оттаму додаваат дека и од финансиската полиција се поднесени 5 кривични пријави против лица поврзани со институција со која раководеше ДУИ, поточно Бирото за метрологија.

„Заложбата на Владата им гарантираше и им даде слобода на институциите за спроведување на законот да дејствуваат и да апсат криминалци и повеќе да не дозволуваат нивните активности како што правеа досега. Ги информираме граѓаните дека ова е процес кој бара време и континуирана посветеност.

Продолжуваме да останеме посветени и одлучни во борбата за општество ослободено од криминалот и корупцијата, граѓаните да се чувствуваат безбедно кога шетаат низ градот и да имаат целосна доверба во државните институции. ВРЕДИ е гаранција за стабилност и безбедност. ВРЕДИ е иднина“ порачаа од коалицијата ВРЕДИ.