По три неделниот зимски распуст, учениците денеска се враќаат во училишните клупи. Второто полугодие почнува за основците и средношколците.
Учебната година ќе заврши на 10 јуни, освен за матурантите, кои ќе имаат настава до 16 мај.
Оваа година учениците нема да имаат пролетен распуст, како што беше случај минатата година, кога учебната година траеше до 17 јуни.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска им посака успешно совладување на новите предизвици на учениците, наставниците и родителите, посочувајќи дека сите заедно треба да придонесат во градењњто на безбедни училишта во кои владее култура на разбирање и собработка.