(Видео) Трилинг најава: Правни заврзлами и (не)исплатлив криминал
Низ многу примери се потврди девизата дека криминалот се исплати, па дури и во судски процеси коишто имаа одредена завршница, видовме дека животот понатака продолжи и тоа релативно добро.
– Низ многу примери се потврди девизата дека криминалот се исплати, па дури и во судски процеси коишто имаа одредена завршница, видовме дека животот понатака продолжи и тоа релативно добро.
– Вистината е преценета работа. Од секогаш човекот сакал повеќе да слуша приказни отколку да ја слушне вистината. Кинематографијата која беше оригинална и препознатлива, како делата на Столе Попов и Милчо Манчевски повеќе не постои, затоа што последните 20 години, Македонија како дел од европската идеја за кинематографија влезе во водата на нарачки
– Во сите професии ударот на Вешатачката интелигенција ќе има свој удел. Некои целосно ќе бидат заменети, некои ќе бидат помош на човекот. Дигитализацијата може да помогне во намалувањето и сузбивањето на корупцијата. Практично треба да се дигитализираат сите процеси и што повеќе да се елиминира човечкиот фактор.
Тројца соговорници во новото издание на магазинот „Трилинг“.
Гостуваат д-р Лепосава Огњаноска Ставровска, Меѓународен балкански универзитет, Јани Бојаџи, режисер и проф д-р Андреа Кулаков од ФИНКИ.
Гледајте го новото издание на магазинот „Трилинг“ со Горазд Чомовски вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk