Полицијата вчера го казни гостиварецот кој минатата недела беше фотографиран како со автомобил поминува преку Камениот мост во центарот на Скопје.
„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот ден (25.04) е санкциониран И.А. (68) од с. Чегране, Гостивар, кој со патничко возило се движел по Камениот мост во Скопје. Изречени му се мерки поради движење спротивно на сообраќаен знак, паркирање во пешачка зона и истечена важност на сообраќајна дозвола“ информираат од полицијата.
Оваа случка беше многу коментирана на социјалните мрежи, со мноштво негативни коментари за однесувањето на гостиварецот.