(Видео) Автомобил удри девојка за време на блокадата на протестите во Белград
Инцидентот се случил околу пладне во близина на улицата Рузвелтова, каде студенти кои ги блокираа околните факултети учествувајќи во акцијата „Застани Србија“, со која им се оддава почит на загинатите во несреќата во Нови Сад.
Дваесетгодишна студентка е тешко повредена во центарот на Белград откако во неа удри автомобил за време на протестна блокада на раскрсница. Возачот побегнал од местото, а полицијата соопшти дека е пронајден. Повредената девојка е пренесена во Ургентниот центар.
Како што може да се види на снимките објавени во медиумите и на социјалните мрежи, инцидентот се случил околу пладне во близина на улицата Рузвелтова, каде студенти кои ги блокираа околните факултети учествувајќи во акцијата „Застани Србија“, со која им се оддава почит на загинатите во несреќата во Нови Сад.
На снимката се гледа како девојка стои на тротоарот пред семафор на раскрсницата, кога автомобил влета на тротоарот и ја удри. Возачот не застанал, туку продолжил да вози носејќи ја девојката на покривот и по неколку секунди таа паднала од покривот на автомобилот на улица. Возачот на автомобилот не останал на местото на инцидентот, туку побегнал.
Tokom odavanje pošte stradalim, u Ruzveltovoj ulici u Beogradu, povređena je devojka kada ju je udario i nosio na krovu automobila nakon čega je pala ulicu. pic.twitter.com/M7nxsSuBK2
— TV N1 Beograd (@n1srbija) January 16, 2025
Студентите кои го блокираа Правниот факултет во Белград објавија дека повредената е нивна колешка.
Тие во знак на протест ја блокираа раскрсницата пред Правниот факултет во центарот на градот, а во блокадата им се придружија и граѓани и студенти од другите факултети и најавија неколкучасовна блокада.
За време на петнаесетминутните акции „Застани Србија“, кои секојдневно се одржуваат ширум земјата, студенти и граѓани 15 минути ги блокираат патиштата за да им оддадат почит на петнаесетте лица кои загинаа во несреќата на железничката станица во Нови Сад.
Акциите симболично почнуваат во 11:52 часот, време кога на 1 ноември се урна бетонската настрешница на железничката станица, при што загинаа 15, а две лица беа тешко повредени.
Граѓани, студенти и дел од опозицијата бараат политичка и кривична одговорност за несреќата во Нови Сад.
Студентите, во знак на протест, блокираа повеќе од 60 факултети на четири државни универзитети, во Белград, Нови Сад, Ниш и Крагуевац.
Студентите во блокадата бараат објавување на комплетната документација за реконструкцијата на станицата во Нови Сад. Меѓу барањата се и отфрлање на обвиненијата против уапсените и приведените за време на протестите кои уследија по несреќата, како и итно гонење на лицата кои тепаа студенти и професори за време на протестите.