Погледнете го нацрт-составот на кабинетот „Желјазков“

Росен Желјазков, кој беше предложен од ГЕРБ-СДС за премиер, на бугарскиот претседател треба да му го претстави составот на кабинетот, кој ќе биде поддржан од четири формации - ГЕРБ-СДС, БСП - Обединета левица, „Има таков народ“ и „Демократија, права и слободи“- ДПС.

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот за состав на влада во рамките на 51-то свикување на Народното собрание на кандидатот за премиер предложен од најголемата пратеничка група ГЕРБ-СДС.

Росен Желјазков, кој беше предложен од ГЕРБ-СДС за премиер, на бугарскиот претседател треба да му го претстави составот на кабинетот, кој ќе биде поддржан од четири формации – ГЕРБ-СДС, БСП – Обединета левица, „Има таков народ“ и „Демократија, права и слободи“- ДПС.

Погледнете го нацрт-составот на кабинетот „Желјазков“.

Премиер – Росен Желјазков (ГЕРБ-СДС)
Вицепремиер и министер за иновации и раст – Томислав Дончев (ГЕРБ-СДС)
Вицепремиер – Атанас Зафиров (БСП – Обединета левица)
Вицепремиер, министер за транспорт и врски – Гроздан Караѓов (ИТН)
Министерка за финансии – Теменужка Петкова (ГЕРБ-СДС)
Министер за внатрешни работи – Даниел Митов (ГЕРБ-СДС)
Министер за регионален развој и јавни работи – Иван Иванов (БСП – Обединета левица)
Министер за труд и социјална политика – Борислав Гуцанов (БСП – Обединета левица)
Министерот за одбрана – ген. Атанас Запријанов
Министер за надворешни работи – Георг Георгиев (ГЕРБ-СДС)
Министер за правда – Георги Георгиев (ГЕРБ-СДС)
Министер за образование и наука – Красимир Валчев (ГЕРБ-СДС)
Министер за здравство – Силви Кирилов (ИТН)
Министер за култура – Маријан Бачев (ИТН)
Министер за животна средина и вода – Манол Генов (БСП – Обединета левица)
Министер за земјоделство и храна – Георги Тахов (БСП – Обединета левица)
Министер за економија и индустрија – Петар Дилов (ИТН)
Министер за енергетика – Жечо Станков (ГЕРБ-СДС)
Министер за е-Влада – Валентин Мундров
Министер за туризам – Мирослав Боршош (ГЕРБ-СДС)
Министер за млади и спорт – Иван Пешев (БСП – Обединета левица)