Вучиќ побара од САД подолг рок за воведување санкции за НИС: Ние не сме им целта
Српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска,по средбата со американскиот заменик државен секретар за управување и ресурси, Ричард Верма, во Белград, изјави дека побарал подолг рок за примена на американските санкции за нафтената индустрија на Србија (НИС), што беа воведени затоа што компанијата е во мнозинска сопственост на Русија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска,по средбата со американскиот заменик државен секретар за управување и ресурси, Ричард Верма, во Белград, изјави дека побарал подолг рок за примена на американските санкции за нафтената индустрија на Србија (НИС), што беа воведени затоа што компанијата е во мнозинска сопственост на Русија.
Српските медиуми јавија дека Вучиќ изразил уверување дека неговото барање ќе биде разбрано од САД. Тој, наводно, побарал „мало поместување на роковите…10, 15, 20 дена“.
Српската влада во 2008 година го продаде НИС на руски „Газпромњефт“, а во моментов според официјалните податоци, „Газпромнефт„ и Газпром“ имаат 56,15 отсто сопственост, додека 29,87 отсто е во сопственост на српската држава, додека остатокот е во рацете на граѓаните, вработени и поранешни вработени.
-Ние не бевме цел, иако тоа ќе биде мала утеха, изјави Вучиќ на заедничката прес-конференција со Верма во Белград.
Американското Министерство за финансии вчера го додаде НИС на листата на санкционирани лица и субјекти и рокот за промена на сопственичката структура е 45 дена.
По средбата Верма рече дека целта на санкциите е да се отстрани Русија од сопственичката структура на НИС, додека промената на сопственичката структура на НИС ќе доведе до повеќе мир во регионот и диверзификација на српските енергетски извори.
Тој тврди дека Србија нема да трпи економски последици доколку ја отстрани Русија од сопственичката структура на Нафтената индустрија на Србија (НИС).
Верма го повтори ставот на Вашингтон дека санкциите се насочени против Русија, а не против Србија, наведувајќи дека НИС е само една од 2.000 компании во руска сопственост што САД ги ставија на „црната листа“, пренесе Бета.
Американскиот функционер рече дека НИС е најпрофитабилната компанија во Србија, но дека нејзиниот профит ја напушта земјата и дека Русија го користи за „финансирање брутална агресија против Украина“.
Тој рече дека со Вучиќ разговарал за воспоставување стратешки дијалог меѓу двете земји, кој ќе ги подигне нивните односи на повисоко ниво.
Вучиќ рече дека Србија во наредниот период ќе се потпира на енергетските резерви и дека нема да има недостиг на гас или нафта.