Тошкоски: Камерите ќе бидат пуштени, нека му ја мислат оние што дивеат по улиците
Новите камери кои се инсталираат по скопските и улиците на уште неколку градови многу скоро ќе бидат ставени во функција вели Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој додава дека ова е приоритет за неговото министерство бидејќи многу се дивее по улиците а тоа резултира со голем број на човечки жртви во сообраќајни несреќи.
Новите камери кои се инсталираат по скопските и улиците на уште неколку градови многу скоро ќе бидат ставени во функција вели Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој додава дека ова е приоритет за неговото министерство бидејќи многу се дивее по улиците а тоа резултира со голем број на човечки жртви во сообраќајни несреќи.
„Граѓаните кои што се чесни, доблесни и ги почитуваат прописите нека не се секираат нема да бидат казнети. Граѓаните кои што не го почитуваат законот, граѓаните кои што возат под алкохол, граѓаните кои што дивеат по улиците наместо 80 возат 200 и тоа како ќе бидат казнети. Тие се помала бројка но секој еден кој што дивее по улиците ќе биде казнет. А секој еден граѓанин кој што си го почитува законот, којшто си ги почитува нормите, а тие се многу, нормално дека треба мирно да спие“ – рече Тошковски одговарајќи на новинарско прашање додаде дека оние кои си возат според правилата, немаат причина да бидат загрижени.
– Јас ветив дека во текот на 2025 година ќе имаме имплементиран проект. Освен што ќе треба да ги инсталираме камерите, да ги поврземе со потребните кабли, да ги обезбедиме сите потребни дозволи, ќе треба да промениме и законска легислатива, да ги подготвиме и судовите и УЈП во делот на спроведување на постапките, ќе треба еден поширок институционален пристап да има, тоа го работиме во моментов. Се изготвува ново предлог законско решение, рече Тошковски.
Тој нагласи дека овој проект е многу битен од повеќе агли, особено за намалување на смртни случаи при сообраќајки, а искуството во други држави ја покажало оправданоста од имплементирањето на овој систем за безбеден град и безбедна држава. Притоа додаде дека е еден од најклучните проекти на Министерството што мора да бидат имплементирани во иднина.
– Во рамки на техничката Влада, доколку имаше простор и време да се посветев максимално на микроменаџирање, можеби ќе завршевме и порано од аспект на имплементација. Но, за жал, за време на техничка Влада бевме посветени на друга работа. Тоа се покажа како добар резултат, да речеме, од аспект на организација на изборите во делот на надлежност на МВР. Тогаш ни оставија и еден друг огромен проблем со пасошите, што моравме да го решаваме, истакна тој.