(Видео) Се шири видео со Али Ахмети: „Досега не изгубил ниту една војна“

На социјалните мрежи се шири видео со кадри од конфликтот во 2001 година. На видеото е прикажан Али Ахмети, облечен во униформа на УЧК и порачува дека досега не загубил ниту една војна.

Видеото масовно го споделуваат членови, функционери и партиски групи на ДУИ.

Веќе неколку месеци ДУИ испраќа предупредувања за меѓуетнички тензии, па се поставува прашањето, дали ова видео е можна закана за дестабилизација на земјата.

Од владејачките ВМРО-ДПМНЕ и Влен постојано кажуваат дека ДУИ ја користи оваа тема за да спаси дел од нејзините функционери од кривичен прогон.

Извор: Фокус