Поради непојавување на работа Груби доби отказ од Тетовскиот универзитет

Тетовскиот универзитет ја започнал законската постапка за разрешување на Артан Груби, кој е доцент на Правниот факултет, отсек новинарство.

Тетовскиот универзитет ја започнал законската постапка за разрешување на Артан Груби, кој е доцент на Правниот факултет, отсек новинарство.

Поради неколкудневното отсуство без објаснување преземени се мерки против него, вели деканот на Правниот факултет, Сафет Емрули.

„Од минатата недела наведениот не се појавил на работното место, што значи дека не ги исполнил обврските од Законот за работни односи и Законот за високо образование. Случајот го процесуиравме согласно со законските одредби и започнавме постапка за соодветни мерки согласно со законот. Наскоро ќе бидете информирани за одлуката што ќе ја донесеме како универзитет“, изјавил Емрули за ТВ Аласт.

На Универзитетот во Тетово Груби работи од 2012 година. Во јули тој ја одби апанажата и се врати на старата професија на Тетовскиот универзитет како професор по новинарство.

Поранешниот вицепремиер избега од земјата во декември и оттогаш му се губи трагата. По него и по поранешниот директор на Државната лотарија, Перпарим Бајрами, распишани се потерници поради корупција и злоупотреба на службена должност.