Руски државен авион преку Бугарија слета во Белград
Нарушен е воздушниот простор на Бугарија откако руски авион „Иљушин-Ил-96-300“ со специјален лет од Сочи, изутринава полета за Белград, преку Бугарија.
Информациите се дека авионот полетал од Сочи околу 8 часот наутро, а слетал на белградскиот аеродром околу 9.30 часот.
Според податоците, вакви летови веќе се реализирани од почетокот на војната во Украина за да се вратат руските дипломати во Русија, кои беа прогласени за персона нон грата во земјите каде биле на служба.
Истиот авион летал од Москва до Копенхаген во Данска на 17. април, но потоа избегнал да лета над земји кои забраниле летови со руски авиони.