Непознат маж утринава околу 10 часот влегол во црквата „Сен Пјер Д’Арен“ во францускиот град Ница и со нож дваесетина пати го избодел отец Кристофер, јавува Ројтерс.
Во црквата присутни биле 10-тина луѓе, а повредена е и една калуѓерка.
Градоначалникот на Ница – Кристијан Естрози рече дека напаѓачот е ментално нестабилен, немал криминално досие и дека е познато дека купил нож неколку дена претходно.
Отецот и калуѓерката се пренесени во болница, а напаѓачот е уапсен. Се работи за маж на возраст од 31 година. Полицијата засега овој инцидент не го смета за терористички чин.
Министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин на својот Твитер објави дека животот на свештеникот не е во опасност.