Рускиот претседател Владимир Путин денеска им го честита Велигден на православните христијани и на сите граѓани на Русија.
Посочи дека „овој празник ги обединува луѓето околу високите морални идеали“.
„Овој голем празник ги обединува православните христијани, сите граѓани на Русија кои го слават Христовото воскресение, околу високите морални идеали и вредности, кај луѓето ги буди најсветлите чувства, вербата во триумфот на животот, добрината и правдата“ – рече Путин.
Тој ја оцени плодната работа на Руската православна црква и другите христијански вери насочени кон зачувување на „нашите најбогати историски, културни и духовни традиции, зајакнување на институцијата на семејството и едукација на новите генерации“.