Рано утринава околу 6.30 часот беше регистриран нов земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала во Босна и Херцеговина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Информациите се дека епицентарот на земјотресот бил на 17 километри источно од Столац на длабочина од 10 километри.
Регистриран е во 06 часот и 27 минути.
Потресот бил почувствуван во поширокото подрачје, вклучувајќи го и Сараево.
Во петокот, на 22 април, земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина, а епицентарот, исто така, беше во близина на Столац.
Во тој земјотрес загина едно лице, а беше предизвикана и материјална штета.