Антонио Гутереш – генералниот секретар на ОН во вторник ќе ја посети Москва за да се сретне со рускиот претседател – Владимир Путин.
Од почетокот на руската инвазија на Украина, на 24. февруари ова е прва средба на Гутереш лице в лице со Путин.
Според агендата, тој ќе има работна средба и со рускиот министер за надворешни работи – Сергеј Лавров.
Постои можност Гутереш да се сретне и со претседателот на Украина – Володимир Зеленски во наредните денови.