Сеул: Севернокорејската војска има 1.100 жртви во руско-украинската војна

Повеќе од 1.000 севернокорејски војници се убиени или ранети во војната на Русија со Украина, соопшти Здружениот штаб на армијата на Јужна Кореја.

Повеќе од 1.000 севернокорејски војници се убиени или ранети во војната на Русија со Украина, соопшти  Здружениот штаб на армијата на Јужна Кореја.

„Оценуваме дека севернокорејските војници, кои неодамна се вклучија во борба со украинските сили, претрпеа околу 1.100 жртви“, се вели во соопштението на Здружениот штаб.