Промоција на „Писма на Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (историја на една мистификација)“

Изданието е на Државниот архив, а содржи богат архивски материјал за проучување на лингвистиката, историјата и дава претстава за преплетувањето на политиката и науката во однос на историјата на Македонија и македонскиот народ, како и феноменот на корумпирањето на научниците во минатиот век.

Во НУ Музеј на македонската борба за самостојност денеска ќе биде промовирано изданието „Писма на Љубомир Милетич до Афанасиј М. Селишчев (историја на една мистификација)“ од авторите д-р Бранислав Светозаревиќ и Драган Јаќоски.

-Изданието е на Државниот архив, а  содржи богат архивски материјал за проучување на лингвистиката, историјата и дава претстава за преплетувањето на политиката и науката во однос на историјата на Македонија и македонскиот народ, како и феноменот на корумпирањето на научниците во минатиот век, се наведува за делото.

Промотори на настанот ќе бидат д-р Валентина Миронска-Христовска, д-р Димитар Пандев и д-р Михајло Миноски.