Претседателот на Украина – Володимир Зеленски тврди дека Русија го отфрлила предлогот за прекин на огнот за време на велигденските празници, но додаде дека тој сè уште има надеж за мир.
Зеленски ја обвини Русија дека планира да фалсификува референдум за независност во окупираните јужни региони Херсон и Запорожје.
Тој ги повика жителите на тие области под руска окупација да не им даваат на руските сили какви било лични информации, како што се броевите на пасошите.