Бидете спремни: Во петок 20 скопски населби ќе останат без вода

Почнувајќи од петок (20 декември) во 22:00 часот граѓаните кои главно живеат од десната страна на реката Вардар ќе немаат вода.

Почнувајќи од петок (20 декември) во 22:00 часот граѓаните кои главно живеат од десната страна на реката Вардар ќе немаат вода.

Со резерви на вода треба да се снабдат граѓаните на Ѓорче Петров, почнувајќи од СП Планет, потоа на Порта Влае, Карпош, Тафталиџе, Водно, Центар, Кисела Вода, Драчево, Пинтија, 11 Октомври, Лисиче, Ново Лисиче, Аеродром, Автокоманда (ниска зона), како и жителите на Зелениково и на Студеничани.

Според Јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот на вода ќе трае сѐ до санирање на дефектот.

Истовремено, од таму информираат дека вода ќе имаат жителите на Чаир, Бутел, Радишани, од Пластичарска улица до Американската амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда висока зона, Ѓорче Петров, од СП ‘Планет’, Сарај, Шутка, Топанско Поле, Новоселски пат, налеба Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански двор, Волково и Орман.

Инаку, за санацијата на дефектот во скопски Карпош, поврзан со главната водоводна цевка во Скопје, ќе биде запрена водата од главниот цевковод ф-1600. Покрај тоа, ќе бидат санирани уште три дефекти на затворачи по должината на главниот цевковод, на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до крстосницата на булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Никола Парапунов“.

Затворање на водата на главниот градски цевковод се прави еднаш на педесет години, а последно било направено 1991/1992 година за реализација на водоводен приклучок на бунарското подрачје Лепенец.