Отворање на изложбата „Уметничко (По)стоење“ на Јулијана Гешоска во МКЦ

Изложбата „Уметничко (По)стоење“ на Јулијана Гешоска вечер ќе биде отворена во ликовниот салон на Младинскиот културен центар (МКЦ).

Изложбата на слики „Уметничко (По)стоење“ на Јулијана Гешоска вечер ќе биде отворена во ликовниот салон на Младинскиот културен центар (МКЦ).

Јулијана Гешоска е родена во 1961 година во Скопје. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство, 1990, додека постдипломски студии завршила на Факултетот за ликовни уметности во Приштина, отсек графички дизајн, со магистратура од мултимедијален арт, 2008 година.

Нејзини самостојни претставувања се: „Самостојна изложба на слики и инсталации“, Даут-пашин амам – Скопје 1992; „Слика во слика„ Скопје, 2008; „Играта на актот“ Пула, Хрватска, 1991; „Остави го шеширот и оди“ Скопје, 1998; „Измислен пејзаж“ Љубљана, Словенија, 1999; Интерактивна изложба со минувачи, Рогашка Слатина, Словенија, 1999; Мултимедијална изложба „Зад лицето – лик“ Мала станица, Национална галерија на Македонија, Скопје 2005; Мултимедијална изложба „01.01.200…? 12:00 часот“ Мала станица, Национална галерија на
Македонија, Скопје 2009, самостојна изложба Приштина 2008.

Досега се има претставено во над 30 групни изложби надвор од границите на земјава, во Франција, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Турција, Бугарија и била учесник на над 30 ликовни колонии проследени со изложби.