Полицијата го претресува домот на Артан Груби, тој се јави од Косово
Некои медиуми од утрово јавуваат дека полицијата направила претрес во повеќе домови поради сомнежи за организиран криминал во Државна лотарија. Според нивните информации, претрес бил извршен и во домот на поранешниот вицепремиер Артан Грби, но oткако вчера проструија информации дека ја напуштил Македонија тој не би пронајден таму. Груби на Фејсбук објави дека заминал во Косово по приватни обврски и дека наскоро ќе се врати.

„Денеска патував за приватна посета. Ве молам, немојте да измислувате и шпекулирате. Редовно патував со моите патни исправи и за ова е известено и моето лично полициско обезбедување“, пишува Груби во објавата. Тој додава и дека веднаш штом ќе ги заврши обврските за кои отпатувал ќе се врати дома.
Полицијата трага по Прпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија. Но, ни тој не бил најден во неговиот дом, а полицијата се сомнева дека бил пребеган во Косово уште пред неколку месеци. Неговите роднини дале ветување дека ќе се врати. Во неговиот дом е пронајдена поголема количина кеш пари, над 50.000 швајцарски франци.
Екс директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами уште лани беше обвинет од тогашната опозиција дека изнајмувал локал за 21.000 евра месечно од фирма чиј сопственик е член на Управниот одбор на Лотарија, Шабан Азмовски Хамза и тоа со договор на 10 години. И Бајрами и Хамза биле дел од кабинетот на Артан Груби во Министерството за политички систем.
Артан Груби минатиот понеделник беше ставен на црната листа на САД заедно со апелацискиот судија Енвер Беџети.