„Уште еднаш ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да престане со инструментализацијата на државните институции и злоупотребата на фактот дека Албанците денес немаат легитимни претставници во Владата, туку само неколку корумпирани политичари кои вие самите ги избравте за да ја играат улогата на „претставници“ на Албанците. Користењето на оваа националистичка хистерија за да ја играте онаа што вие во вашите состаноци го нарекувате „второ полувреме“ против Албанците е крајно опасно“ соопштија денеска од опозициската ДУИ..
Од партијата велат „труењето на јавниот простор со антиалбанска пропаганда и ширењето на омраза преку вашите медиуми го нарушуваат соживотот на непоправлив начин“.
„Искористувањето на чувствата на оние што не се подготвени за соживот и кои секојдневно врескаат по медиуми „Кој сака албански, нека оди во Албанија“ е многу ризичен авантуризам. Овој пристап најпрво ќе ве гони вас, кои мислите дека можете да го нахраните вашето его и да добиете гласови преку „одмазда во второто полувреме“ против Албанците. Соживотот е сè што имаме“ е ставот на интегративците.
Советуваат да се запре со „овие активности што ја поткопуваат заедничката стабилност“.
„Приберете ги вашите министри и претставници, затоа што „второто полувреме“ може да заврши со тежок автогол – не само за вас, туку за сите нас како граѓани и за нашето општество“ е ставот на ДУИ.