ВМРО-ДПМНЕ: Груби и неговите помагачи мора кривично да одговараат

Артан Груби мора да сноси одговорност за криминалните дејствија. Тој се најде на црната листа на САД поради криминални и корупциски дела. Стратешкиот партнер обезбедил докази дека Груби земал мито за да влијае во судски предмети и одлуки, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Артан Груби мора да сноси одговорност за криминалните дејствија. Тој се најде на црната листа на САД поради криминални и корупциски дела. Стратешкиот партнер обезбедил докази дека Груби земал мито за да влијае во судски предмети и одлуки, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Груби во влијанието во судството не бил сам, логистика за тоа му беа патериците од СДС. ДУИ и СДС заеднички, седум години, поставувале свои луѓе во правосудниот систем. Судиите и обвинителите ги бираа во нивни партиски штабови.

Се поставува прашањето во колку судски процеси и во колку судски одлуки СДС и ДУИ влијаеле и ја спречиле правдата, или пак во колку граѓански постапка влијаеле за да се донеси одлука во нивна корист? Затоа судството е целосно компромитирано и со доверба од граѓаните од 2%.

За ваквото деградирање и мешање во правосудството одговорност мора да има. Сите соучесници на Груби, исто како него, треба да сносат одговорност и да се соочат со лицето на правдата пред македонските органи.

Јавното обвинителство не треба да чека, туку треба веднаш да постапува и да ги обезбеди доказите. Ако САД можеле да ги обезбедат доказите за мешање и влијанија на Груби во судски одлуки, истите можат и мораат да ги обезбедат и нашите истражни органи.

Повикуваме судиите и обвинителите да се разбудат и да почнат да си ја работаат работа за коишто се платите од граѓаните, согласно закон. Кривична одговорност за Груби и за неговите помагачи во СДС и ДУИ мора да има“, се вели во соопштението на партијата.