(Видео) Трилинг најава: „Црната листа“ како почеток за разобличување на корупциско-криминогените заврзлами!?

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, пратеникот Бобан Карапејовски и поранешната пратеничка Никица Корубин гостуваат во новото издание на магазинот „Трилинг“.

Непрекинато расте американската „Црна листа“ со поранешни и актуелни функционери. Двајца поранешни премиери, Љубчо Георгиевски и Никола Груевски, екс вицепремиери – Кочо Анѓушев и Артан Груби. Мендух Тачи, претседател на ДПА, градоначланикот на Струга, Рамиз Мерко. Екс директорот на тајната полиција Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев – се само дел од имињата кои се најдоа на американската „Црна листа“.

За прв пат Стејт департментот рестриктивни мерки воведе и за актуелен судија од апелациониот суд, Енвер Беџети.

Наредната година локални избори. Нови долгови од над 70 милиони евра. Исчекување на првите 100 милиони за проекти на општините. Скопје стана држава во држава. Никој ништо не и може на градоначалничката Арсовска.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, пратеникот Бобан Карапејовски и поранешната пратеничка Никица Корубин гостуваат во новото издание на магазинот „Трилинг“, вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube кaналот „Трилинг“, како и на порталот www.triling.mk