Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д
Собранието денеска изгласа законски измени со кои треба да се овозможи забрзана изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10д, со решенија со кои се уредува начинот на исплатата на работите поврзани со експропријацијата.
Собранието денеска изгласа законски измени со кои треба да се овозможи забрзана изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10д, со решенија со кои се уредува начинот на исплатата на работите поврзани со експропријацијата.
На продолжение на 22. седница, со 64 гласа „за“ беше усвоен Законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола), по скратена постапка, на предлог на група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
– Во текот на изградбата односно спроведувањето на Проектот се наметна потребата од уредување и на начинот на исплатата на работите поврзани со експропријацијата што претставува претходен неопходен елемент со цел непречено и забрзано спроведување на Проектот кој е од јавен интерес односно изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10 д, стои во образложението.
Со членот 1 се врши допрецизирање на начинот на обезбедување на финансиските ресурси и плаќањето за обезбедените услуги и работи за спроведување на проектот. Се допрецизира членот 5, во смисла на прецизирање на алокацијата на средствата потребни за извршување на работите поврзани со експропријацијата неопходна за спроведување на изградбата на коридорите 8 и 10д, односно дека исплатата ќе се врши на Инвеститорот во форма на трансфер преку Министерството за транспорт.