ЗЕЛС бара глоби до 6.000 евра за создавачи на диви депонии

За сите оние кои несовесно исфрлаат ѓубре на несоодветно место, со што се создаваат депонии, се предлага глобите да се зголемат од сегашните 50 до 200 евра, на 4.000 до 6.000 евра.

За сите оние кои несовесно исфрлаат ѓубре на несоодветно место, со што се создаваат депонии, се предлага глобите да се зголемат од сегашните 50 до 200 евра, на 4.000 до 6.000 евра.

Дополнително, се предлага општините, кои ќе фатат граѓанин кој исфрла отпад на несоодветно место, да може да го запленат и возилото. Но, на овие предлози сѐ уште се работи, за да можат да бидат преточени во закон, информираше денеска претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, пред почетокот на Генералното собрание на ЗЕЛС.

Отстранети депонии во Ѓорче Петров, Чаир и Бутел

Денеска пак, стигна информација од „Комунална хигиена“, дека во текот на вчерашниот ден, нивните екипи расчистиле две диви депонии во скопската општина Ѓорче Петров.

Интервенирано е на улиците „Васил Чакаларов“ и „Воин Драшковиќ“, каде што се подигнати и транспортирани приближно 20 кубни метри непрописно одложен кабаст, мешан комунален и отпад од картонски пакувања.

Воедно, отстранети се и седум кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата „Џон Кенеди“ во општината Чаир, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, како и 15 кубни метри градежен и мешан комунален отпад, санитарии и автомобилски гуми одложени на тревна површина по должина на булеварот „Босна и Херцеговина“ во скопската општина Бутел.

Вакви соопштенија од „Комунална хигиена“ пристигнуваат секојдневно, а се однесуваат на сите делови и општини во Скопје, но градот никако да се исчисти.