Христовски останува на чело на АНБ за да ја реформирал

Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, останува на чело на АНБ и покрај неговиот избор за асистент на Факултетот за безбедност.

Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, останува на чело на АНБ и покрај неговиот избор за асистент на Факултетот за безбедност.

– Дефинитивно потврдена е одлуката од Наставно-научниот совет за избор на асистент на Факултетот за безбедност, за што сум искрено благодарен на сите професори кои ја дадоа својата поддршка. Морам да истакнам и дека пријавата по јавен оглас беше пуштена од моја страна пред повеќе од еден месец, пред моето именување за директор. Не знам каква е процедурата и законските можности во овие околности, но секако приоритет ми е извршувањето на оваа важна функција која ја извршувам во моментов, вели Христовски за „Слободен печат“.

На нашето прашање дали ако процедурата налага да се откаже од звањето асистент за да остане на директорското место, Христовски ќе го стори тоа, тој потврди дека би се откажал од асистентското звање.

Владата го назначи Христовски за директор на АНБ на 16 октомври, а оттогаш не престануваат реакциите за неговото именување и дали тој ги исполнува условите да ја води Агенцијата. Најспорен беше неговиот ТОЕФЛ сертификат за англиски јазик издаден од јазичниот центар „Јулија“ од Пловдив, Бугарија, за кој во јавноста беше откриено дека не постои и не се занимава со полагање. За ваков ист фалсификуван сертификат две директорки веќе биле осудени на условни казни.

Од ДКСК откриваат дека кон првичната пријава за Христовски доставени сè уште седум пријави.

– Во однос на предметот за директорот на АНБ, Бојан Христовски кон првичната пријава доставени се уште седум пријави до Државната комисија за спречување на корупцијата. Доставени се барања за прибирање на потребната документација за утврдување на фактичката состојба, за што сè уште течат законските рокови за доставување на истата. По утврдување на фактичката состојба, ДКСК ќе донесе одлука на јавна седница и ќе ја објави на веб-страницата на Комисијата, велат од ДКСК,