„Култен“ стогодишен киоск во Загреб доби нов Божиќен изглед

За што всушност се работи? Музејот на Градот Загреб ги повика граѓаните да подарат стари новогодишни честитки коишто ги чуваат дома.

Легендарен киоск, стар над 100 години, којшто се наоѓа на улицата „Клаиќева“ во Загреб, Хрватска, доби нов изглед. Трафиката, имено, сјае од стари разгледници со луѓе собрани пред загрепската катедрала во народна носија, плоштадот „Бан Јелачиќ“, коњи пред катедралата…

За што всушност се работи? Музејот на Градот Загреб ги повика граѓаните да подарат стари новогодишни честитки коишто ги чуваат дома.

„Испишани или не – тие се вредни сведоштва на некои минати времиња. Со оваа донација збогатете ја нашата колекција разгледници, а за возврат ќе ви овозможиме бесплатен влез во Музејот за време на овие празници! Стара Божиќно-новогодишна честитка така станува една вленица за Музејот! Акцијата трае во текот на цел декември, со нетрпение го очекуваме вашето учество“, објави Музејот на својата интернет-страница.

Инаку, од Музејот на Градот Загреб лани најавија дека киоскот ќе служи како место за помали изложби и настани по обновувањето, но објавија и покана до сите граѓани да предложат што би сакале да видат во овој „култен“ урбан простор.