Маќедонци: Косовските безбедносни сили примиле оружје купено од САД

Министерот за одбрана на Косово Ејуп Маќедонци најавува дека во континуитет добивале и добиваат оружје од САД, а последната набавка била во октомври, јавија косовските медиуми.

Министерот за одбрана на Косово Ејуп Маќедонци најавува дека во континуитет добивале и добиваат оружје од САД, а последната набавка била во октомври, јавија косовските медиуми.

Ејуп Македонци изјави дека Косовските безбедносни сили примиле оружје купено од САД во текот на септември, октомври и почетокот на ноември.

„Континуирано добивавме оружје од САД и го добиваме. Последната набавка беше во октомври, пред тоа имавме контингент кој пристигна во текот на месец септември. Имавме американски авиони на американската армија кои слетаа на меѓународниот аеродром во Приштина, од каде што е истоварено оружје и натоварено на камиони на КБС, нормално, тоа не е објавено од наша страна поради чувствителност“, рече Маќедонци, во Рубикон на Клан Косово.

Македонци рече дека во никој случај немало двоумење од САД за продажба на оружје на КБС, туку напротив имал можност да ја посети таму во декември минатата година, каде што имал средби во Стејт департментот и во тој одбраната и дека доби исклучително голема поддршка за градење капацитети.

Тој нагласи и дека за противтенковските ракети „Џавелин“ е извршено плаќање на две рати, од вкупно три, и дека се во синхронизација, координација и комуникација со САД за да ги има, како што рече, во што е можно пократок рок.

„Проценките се дека во текот на 2025 година ќе го имаме првото пристигнување на Џавелин…Направивме набавка од Турција на два системи“, изјави Македонци за косовски медиуми. Тој негираше обвинувања од косовкси политичари дека е загубен дрон Бајрактар.

Тој рече дека tие набавки се направени во координација со партнерите, особено со САД и додаде дека склучиле договори и со Германија за слични противтенковски ракетни системи, слични на Џавелин.