Цените во ноември рипнале за 4,3 отсто – најмногу храната и пијалоците

Трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, бележат зголемување од 4,3 отсто, а цените на мало од 4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, бележат зголемување од 4,3 отсто, а цените на мало од 4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, изнесува 1 отсто.

Зголемувањето на инфлацијата во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: храна и безалкохолни пијалаци за 2,1 отсто, рекреација и култура, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1,5 отсто, ресторани и хотели за 0,8 отсто, облека и обувки, здравје за 0,2 отсто, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 отсто.

Во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 0,9 отсто, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,3 отсто, разновидни стоки и услуги за 0,1 отсто.

Трошоците на животот во групите комуникации и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во ноември во однос на октомври годинава забележале раст oд 0,3 отсто.