Уапсен е Васко Ковачевски во голема акција на МВР

Од МВР најавуваат детали за подоцна, а она што засега е познато дека уапсени се голем број на физички лица, а опфатени се и неколку правни лица од повеќе градови.

Поранешениот директор на ЕСМ Васко Ковачевски е еден од десетината уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и во ТЕЦ Неготино.

Од МВР најавуваат детали за подоцна, а она што засега е познато дека уапсени се голем број на физички лица, а опфатени се и неколку правни лица од повеќе градови.

-Во тек е полициска акција во координација со ОЈО ГОКК. По завршувањето на истата ќе ја известиме јавноста, велат од МВР.

Според првичните неофицијални информации, се истражуваат сомнителни јавни набавки, тешки неколку милиони евра.