Муцунски од Атина: Герапетритис јавно кажа дека имаме сериозен напредок на патот кон полноправно членство во ЕУ

Ме радува што министерот Герапетритис јавно го кажа тоа што и ние како Влада го кажуваме, дека ние имаме сериозен напредок на патот кон полноправното членство во Европската Унија. Нормално е кога имате билатерални средби да зборувате за тоа што е позитивно и за предизвици коишто ги има во билатералните односи и да, зборувавме за тие предизвици, како да наоѓаме решенија за нив во добра верба имајќи предвид дека имаме многу повеќе што може да нè обедини, отколку она што може да нè подели, истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, по состанокот во Атина на групата „Пријатели на Западен Балкан“.

Министерот Муцунски учествуваше на дискусиите на самиот министерски состанок, па рече дека конкретната група земји навистина се пријатели на регионот и „принципиелни поддржувачи на проширувањето“, но и земји кои во однос на ситуацијата на Македонија сметаат дека „на билатерализацијата треба да ѝ се стави крај“.

Посочи дека нема сомнеж дека „ова е група на земји кои имаат разбирање за нашите позиции“.

На маргините на состанокот, шефот на дипломатијата оствари одделни билатерални средби со неговите колеги од Унгарија и Грција, а за разговорите со Герапетритис објасни дека зборувале за проектите што се од заедничко значење, како што се „инфраструктурното и енергетското поврзување, силните економски и трговски односи меѓу двете држави, добрите политички односи коишто работиме постојано да ги надградиме, но и да работиме заеднички да изнаоѓаме решенија на дел од предизвиците што ги имаме“, а било отворено и прашањето со проблемот со транспортерите.

На почетокот на состанокот, осврнувајќи се на напредокот што го постигнаа земјите-кандидатки за членство во Европската Унија, Герапетритис, рече дека „Северна Македонија веќе постигна значителен напредок во повеќе области, особено во дигиталната трансформација, усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика, како и во аспекти на реформата на јавната администрација“ и упати честитки до Муцунски.