Пристигна првата реакција на Кина за падот на Асад

Министерството за надворешни работи на Кина повика на „политичко решение“ во Сирија што е можно поскоро и враќање на стабилноста и редот откако бунтовниците ја зазедоа сириската престолнина викендов, а нејзиниот претседател побегна во Русија.

Кина внимателно го следи развојот на настаните во Сирија и се надева дека сите релевантни страни ќе дејствуваат во согласност со основните интереси на сирискиот народ, изјави на редовна прес-конференција портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг.

Во неделата, сириските бунтовници објавија на државната телевизија дека го симнале од власт претседателот Башар ал Асад, ставајќи крај на 50-годишната семејна династија во офанзивата што ги зголеми стравувањата од нов бран на нестабилност на веќе разурнатиот од војна Блискиот Исток.