(Видео) Трилинг најава: Робусна акција против криминализираното судство или само замена на „нивни“ со „наши“?

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, директорот на Пензискиот фонд Никола Мемов и пејачот Марко Маринковиќ - Слаткар се соговорници во новото издание на „Трилинг“.

Кои од судиите и обвинителите ќе одговараат поради тоа што не си ја вршеле работата? Зошто досега нема одговорност за оние кои држеле предмети во фиока за корупција на високо ниво? Може ли да се стави крај на политичките и деловни влијанија во правосудството? Кои би биле ефектите од од распуштање на Судскиот совет и Советот на обвинители? Какви се шансите во наредните неколку месеци да се изгласат уставните промени?

Фото: Трилинг / Арбен Фетаи

На овие и други прашања интервју со вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи.

Дали за Пензискиот фонд е прифатлив предлогот на Фискалниот совет за продолжување на старосната граница до пензионирање?

Фото: Трилинг / Никола Мемов

Ќе има ли редовна исплата на пензии , прашања на кои одговара директор на ПИОМ Никола Мемов.

Фото: Трилинг / Марко Маринковиќ – Слаткар

За музичката сцена, општествените предизвици и приватниот живот, разговор со пејачот Марко Маринковиќ – Слаткар.

Трилинг, вечерва во 20.45ч на ТВ24, на youtube кaналот Трилинг, како и на порталот www.triling.mk