Формирана интердисциплинарна комисија за случајот со ученикот од ОУ „Лазо Ангеловски“

Формирана е интердисциплинарна комисија во врска со случајот со третоодделенецот од Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје кој требаше да биде префрлен во Основното училиште „11 октомври“. Комисијата ќе треба да го разгледа случајот и да донесе мерки коишто ќе бидат во интерес и на ученикот и на сите инволвирани страни.

Формирана е интердисциплинарна комисија во врска со случајот со третоодделенецот од Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Скопје кој требаше да биде префрлен во Основното училиште „11 октомври“. Комисијата ќе треба да го разгледа случајот и да донесе мерки коишто ќе бидат во интерес и на ученикот и на сите инволвирани страни.

– Министерството за образование и наука учествува во изнаоѓањето решение за случајот со ученикот со кој јавноста е веќе запознаена и во таа насока, на иницијатива на МОН е формирана интердисциплинарна комисија составена од претставници на министерството, Бирото за развој на образованието, општината, училиштето и социјалните служби, која се состанува за разгледување и преземање соодветно мерки и активности согласно законската регулатива, во чиј фокус се најдобрите интереси на ученикот, но и на сите инволвирани, велат од МОН.

Третоодделенецот од чие однесување се жалат родители од ОУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче требаше да биде префрлен во ОУ „11 Октомври“ во Центар. Родителите на учениците од „11 Октомври“ ја бојкотираа наставата, а по повлекување на одлуката и негово враќање во матичното училиште „Лазо Ангеловски“, денеска празно остана и ова училиште.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска вчера изјави дека случајот добил „преголема, непотребна и донекаде неправедна јавност, обем и јавна дискусија“.

– Сметам дека е пренагласена реакцијата на сите родители, но сметам дека и училиштата треба посериозно да ја сфатат работата во однос на децата кои имаат потешкотии во учењето или во однос на децата кои имаат потешкотии во однесувањето и социјализација во сопствената средина. Овој случај трае премногу, преземени се одредени мерки, па дури и МОН формирало комисија која се вмеша во решавање на проблемот. Препорачано е детето да ја промени средината. Ако стручни лица препорачале така, значи треба да ја промени средината, изјави Јаневска.

Училиштето од кое потекнува, рече, има на располагање стручна служба (педагог, психолог, социјален работник) и директор кои треба да го решат проблем. Нагласи дека „детето не може и не смее да остане на улица“ затоа што „секое дете има право на образование кое е задолжително“. Како што рече, „државата е должна, заедно со училиштата, да му овозможат на детето да поминува низ образовен процес“.

„Лазо Ангеловски“ осамна без ученици, но и со транспаренти за поддршка на третоодделенецот